НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ

Историја на компанијата

Компанијата за трговија со хартија Хаџиалексиадис беше основана во Солун во 1978, од Арестис Хаџиалексиадис, кој ја продолжи традицијата на претходната 40-годишна историја на најстарата компанија за хартија во градот, основана од Ставрос Андониадис во 1938.

Денес, Никос Хаџиалексиадис, ја води компанијата со зачувување на осумдесетгодишното искуство во трговијата со хартија; им останува верен на комерцијалните вредности и на клиентите им обезбедува најквалитетна хартија и услуги.

Од 1978, компанијата го одржува традиционалниот асортиман на хартија што нашироко се употребува во графичките уметности [ офсетна – обложена – необложена итн.] и ја проширува својата колекција со нови генерации хартија, произведена од најпознатите производители..

Истовремено, компанијата има импресивен асортиман на специјална хартија, со што ги инспирира и најизбирливите креативни лица да создадат нови вредности и облици во печатен вид на комуникација. Компанијата увезува и дистрибуира голем избор специјална и еколошка хартија со високи стандарди, произведена од најголемите европски производители на хартија (Fedrigoni, Favini, Arjo Wiggins и други).

Компанијата за трговија со хартија Хаџиалексиадис продолжува да го зајакнува своето присуство во индустријата за трговија со хартија, во светот на хартијата, со одржување на вредностите на квалитетот и со прифаќање нови предизвици!

Партнери